Ријана обожава да го менува својот изглед. Познатата пејачка била фотографирана на Барбадос со кратка виткана коса која потсетува на фризурата на Хали Бери.
За време на престојот во родното место, 25-годишната музичка ѕвезда снимила фотосесија, облечена во бела креација на Келвин Клајн.
Но, Ријана не го привлече медиумското внимание со фотосесијата, туку со лудувањето на карневалот. Заедно со своите сограѓани, Ријана танцувала низ улици, покажувајќи го своето тело во бел костим со светкави детали.
Ријана на Instagram објави и фотографија на која носи блескав карневалски костим за големата веселба.