Лицето на Ријана е во фокусот на корицата на списанието „Glamour“. За едиторијалот на ноемвриското издание на списанието, музичката ѕвезда од Барбадос позираше во креации на Шанел, Диор, Келвин Клајн и Марк Џејкобс.
Во интервјуто 25-годишната пејачка зборувала за училишните денови, папараците, ѕвездите на кои им се восхитува поради стилот и желбата да стане мајка.
За задевањето во училишните денови: „Ме задеваа цело време додека одев на училиште. Не разбирам зошто ме задеваа. Прво беше бојата на кожата (посветла од кожата на соучениците). Потоа, кога пораснав, беа градите. Но не се чувствувам како жртва, благодарна сум. Сметам дека тие искуства беа стратешки поставени од Бог за да ме подготви за влегувањето во музичката индустрија.“
За постојаното следење од папараците: „Се чувствувам како некој постојано да ме набљудува. Секогаш. Сакам да се сончам топлес некаде, но знам дека веројатно тоа никогаш нема да можам да го направам. Дури и кога сум во спалната соба и се спуштени завесите, се чувствувам како да има папарацо надвор на брод некаде и дека некој ѕирка.“
За тоа која е најдобро облечена ѕвезда моментално: „Никол Ричи. Ме нервира со тоа што е толку добра. Но знаеш ли кој е најдобар кога било? Принцезата Дијана. Секој нејзин изглед е на место. Сакам сè што носеше таа.“
За тоа што посакува да ѝ се случи во иднина: „Еден ден ќе имам деца. Едвај го чекам денот кога ќе станам мајка. Но, не сум ни блиску до него. Немам ни потенцијален татко на бебето.“