Ријана се претвори во Медуза, суштество од грчката митологија кое на главата имало живи змии наместо коса, за корицата на декемвриското издание на „GQ“ Велика Британија.
Со леќи кои ѝ даваат морничав и демонски поглед и со голема змија околу вратот,
На останатите фотографии славната пејачка позира или целосно гола или со минијатурни гаќички, додека држи змии.
Фотосесијата е осмислена од уметникот Демијан Хирст, додека зад објективот застана Маријано Виванко.
Фановите на Ријана свикнаа да ја гледаат разголена, бидејќи таа редовно објавува провокативни фотографии направени за време на паузите од светската турнеја. Неодамна Ријана ја посети Грција и не пропушти за тоа да ги извести обожавателите преку бикини-фотографии.