Ријана е лицето од трите насловни страници на новото издание на „W“ Кореја. По повод 10-годишнината од постоењето на списанието, уредниците ја поканија популарната пејачка да сними моден едиторијал.
Фотографиите на Денис Леополд танцуваат помеѓу елегантен и гранџ стил.
Фотосесијата вклучува креации од Диор и обувки и модни додатоци од брендови како Кристијан Лобутин, Николас Кирквуд, Тамара Мелон, Џузепе Ѕаноти и Памела Лав.