Ријана ја користи паузата од светската турнеја за максимално уживање и лудување. 25-годишната пејачка деновиве привлекува внимание кон Барабадос, каде се вклучува во откачените забави.
За карневалот во своето родно место, Ријана се облече во блескав костим со кристали кој повеќе отскриваше отколку што покриваше од нејзиното тело. Во духот на големата веселба, Ријана невоздржано танцуваше со своите сограѓани.
И младите и постарите лица излегоа на улиците за го прослават крајот на жетвата на шеќерна трска. Во еден момент Ријана беше фотографирана како се прегрнува со својот сакан дедо.
Ријана наредниот месец ќе ја продолжи светската турнеја „Diamonds“.