Незапирливата Ријана и покрај зафатеноста со снимањето на својот нов студиски албум, не прекинува да се појавува на кориците на познати списанија.
Овој пат 27-годишната пејачка го краси априлското издание на „Harper’s Bazaar“ Кина. За снимањето на едиторијалот инспириран од азиската култура, бил ангажиран фотографот Чен Ман.
Талентираната пејачка доби две насловни страници на кои блеска во креации од високата мода на Диор и Виктор и Ролф.