Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Ријана плива со ајкули за „Harper’s Bazaar“

ФОТО/ВИДЕО: Ријана плива со ајкули за „Harper’s Bazaar“

Незапирливата Ријана покажа дека е бестрашна за мартовското издание на „Harper’s Bazaar“. Музичката ѕвезда заплива со ајкули по повод 40-годишнината од премиерата на популарниот филм „Jaws“.

Ријана Ријана

Видео од снимањето на едиторијалот

Славната пејачка позираше во костими за капење од Gottex, Burberry, Mugler, Chanel и златен комбинезон од Balmain за едиторијалот снимен во аквариум во Тампа, Флорида. За фотографиите бил ангажиран Норман Џин Рој.

Ријана Ријана

На прашањето дали се смета за авантурист и која е нејзината најголема авантура, таа одговорила: „Најголема авантура? Се шегувате со мене? Само што снимив фотосесија додека бев опкружена со ајкули. Ќе биде многу тешко да се надмине тоа.“

Во интервјуто за списанието, таа признала дека станала дебелокожец уште пред да се прослави. „Почнав да станувам дебелокожец од мојот прв училиштен ден. Тоа не се случи откако станав славна. Немаше да ја преживеам славата ако веќе немав дебела кожа. Па, понекогаш најтешко во животот е да бидеш ранлив. Јас генерално не сум чувствителна личност, но се стремам кон тоа да бидам почувствителна кон другите луѓе. Не знам дали тоа е најздравото нешто, но тоа е вистината“ – рекла талентираната пејачка.

Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.