Ријана сними едиторијал за пролетното издание на списанието „AnOther“, посветено на покојниот дизајнер Александар МекКвин.
Идејата е креативно претставување на креации од модната куќа Александар МекКвин од страна на ѕвезди од музичкиот, филмскиот и модниот свет. Ријана е лицето од корицата посветена на музиката. На насловната страница 26-годишната пејачка носи црна маска од Александар МекКвин.
За црно-белиот едиторијал, атрактивната пејачка позираше пред прочуеното фотографско дуо Инез и Винуд. За стајлингот се погрижи Кети Ингланд.