Ријана присуствуваше на промотивен настан за својот нов парфем „RiRi“. Талентираната пејачка се појави во трговски центар во Њујорк во краток розов фустан кој асоцира на стилот од 80-тите години.

Стилскиот избор на 27-годишната музичка ѕвезда е во склоп на нејзиниот „барби“ имиџ од рекламната фотографија за парфемот. Розовата креација доаѓа од есенската колекција на Вивиен Вествуд. За да го надополни својот изглед, Ријана избра чевли од Кристијан Лобутин.









Ова е седми парфем на кој стои потписот на Ријана. Нејзини се и парфемите „Reb’l Fleur“, „Rebelle“, „Nude“, „Rogue“, „Rogue Man“ и „Rogue Love“.







Претходно Ријана беше фотографирана додека со свои пријатели се упатуваше во ноќен клуб во Големото јаболко.


