Рита Ора со елегантен и откачен изгледа го краси специјалното издание на Elle, посветено на жените во музиката.
Славната музичка ѕвезда која е родена во Приштина, но живее во Велика Британија, позираше за Томас Вајтсајд во креации од колекциите висока мода на Шанел, Диор и Валентино.
Во интервјуто за списанието, Рита споделила дека не дозволила продуцентската куќа којашто стои зад неа ѝ го диктира стилот. „Тоа никогаш не треба да биде дозволено! Тоа е како некој да ви кажува што да пеете“ – изјавила таа.
Бунтовната пејачка отсекогаш ја сакала музиката, а во детството нејзини идоли биле девојките од музичката група Spice Girls. „Се сеќавам дека ги гледав, не ги имав ни сретнато, а бев целосно хипнотизирана. Одлично е чувството да запознаеш некој кој не е човек, но е“ – рекла таа.
На светската музичка сцена Рита се проби пред три години, кога потпиша договор со музичката компанија Roc Nation на Џеј-Зи. „Ни за милион години не би помислила дека ќе летам кон Њујорк за да се сретнам со еден од најголемите музички могули на нашето време“ – раскажала таа.
Оттогаш Рита објави три сингла кои се најдоа на првото место на музичките листи во Велика Британија – „Hot Right Now“, „How We Do (Party)“ и „R.I.P“, но сега планира да го покорува и американскиот пазар.