Рита Ора и Таика Ваитити направија голем чекор и за првпат ја одведоа нивната романса на црвениот тепих.
30-годишната пејачка и 45-годишниот режисер и актер се појавија фатени за рака на премиерата на неговиот нов филм „The Suicide Squad“. Рита привлекуваше внимание во невообичаена бела креација од брендот Azzi & Osta.
Вљубената двојка за првпат беше видена заедно во април 2021 година. Тие се запознаа на почетокот од година во Австралија, каде Рита го снимаше шоуто „The Voice Australia“, а Таика го режираше „Thor: Love and Thunder“.