Рита Ора дополнително ја размрда публиката на првата полуфинална вечер на Евровизија 2023.
Славната пејачка со потекло од Косово, настапи на сцената во Ливерпул облечена во латекс корсет и кратки панталони.
Рита изведе микс од неколку свои песни, меѓу кои и „Ritual“, „Anywhere“, „I Will Never Let You Down“, а потоа настапи со новата соработка со Фетбој Слим, „Praising You“.
Видео:
На почетокот од својот настап, Ора беше придружувана од млада танчерка, бегалка од Украина.
„Ова е Софија – танчарка и бегалка од Ровно, северозападно од Киев. Од 2022 година, таа живее во Варингтон.“
„За мене, Софија претставува сила и надеж за време на овие турбулентни, трагични и променливи времиња. Не смееме да ја заборавиме привилегијата која Велика Британија ја има да биде домаќин на Евровизија 2023, на местото на Украина, откако минатата година победи 'Калуш оркестар'.“
„Тешката ситуација на семејството на Софија ме потсетува на неверојатното патување низ кое помина моето семејство кога бев на нејзина возраст. И секогаш ќе бидам благодарна на Велика Британија што ни покажа добрина и сочувство. Софија го отвора мојот настап оваа вечер играјќи со топка, која го претставува губењето на детството на кутрите бегалци. Те сакаме Украина, сите настапуваме вечерва за тебе“ - напиша Рита.
This is Sofiia – A dancer and refugee from Rivne, in the north west of Kyiv. She has been living in Warrington since 2022.
— Rita Ora (@RitaOra) May 9, 2023
To me, Sofiia represents strength and hope during these turbulent, tragic and changeable times. We must not forget the privilege the UK has to play its… pic.twitter.com/iNkbBbhYMz