Рики Мартин заедно со своите најмили присуствуваше на премиерата на „Rogue One: A Star Wars Story“.
Музичката ѕвезда позираше пред фоторепортерите заедно со своите две мали близначиња и свршеникот Џуан Јосеф.

8-годишните Матео и Валентино изгледаа срамежливо. Мартин стана татко во 2008 година со помош на сурогат-мајка.


Пред помалку од еден месец, славниот изведувач на „Livin' la Vida Loca“ објави дека му предложил брак на Јосеф.


