Пенелопе Круз го промовираше својот најнов филм „Ma Ma“ во Мадрид, Шпанија. 41-годишната ѕвезда позираше пред фоторепортерите во хотелот „Villamagna“.
Елегантниот фустан од Стела Мекартни ја истакна привлечната фигура на популарната актерка.

„Ma Ma“ ја раскажува приказната за Магда, жена која дознава дека има рак на дојка. „Го прочитав целото сценарио за Ма Ма во една ноќ и се заљубив во приказната. Темите кои се опфатени се многу тешки, но тоа не е депресивен филм. Кога ќе заврши, ќе посакаш да си го прегрнеш семејството и да им кажеш на најблиските дека ги сакаш. Среќна сум зашто филмот ја носи токму таа порака“ – изјавила Круз.




