Esquire ја прогласи Пенелопе Круз за Најсекси жена на светот за 2014 година. За да докажат дека го направиле вистинскиот избор, уредниците на машкото списание снимија секси фотосесија со 40-годишната филмска ѕвезда.
Во интервјуто за списанието, атрактивната мајка на две деца не сакала да зборува многу за својот личен живот. Единствено искоментирала дека семејството е сè за неа и дека тоа е причината што не ја гледаме многу во последно време.
Пенелопе и Хавиер во 2008 година беа дел од актерската екипа на филмот „Vicky Cristina Barcelona“, а во јули 2010 година стапија во брак. Парот има две деца, 3-годишниот син Леонардо и 1-годишната ќерка Луна.
Пенелопе ја наследи Скарлет Јохансон, која минатата година по вторпат беше прогласена за најсекси жена. Оваа титула претходно ја имаа и Мила Кунис, Ријана, Шарлиз Терон и Анџелина Џоли.