Памела Андерсон е речиси непрепознатлива со новата кратка фризура. „Дали е ова Памела Андерсон или Шарлиз Терон?“ – прашува New York Magazine. 46-годишната русокоса актерка беше фотографирана во Лос Анџелес со новиот изглед.
Не е јасно дали промената е трајна, но новата фризура воопшто не изгледа како перика и одлично ѝ прилега на славната ѕвезда.
На фотографиите Андерсон е заедно со поранешниот сопруг Рик Соломон, со кого ја обнови врската. Кога Елен Деџенерис отворено ја праша каков е нивниот однос, Памела одговори: „Јас велам дека сме најдобри пријатели. Најдобри пријатели со бенефиции.“