Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Омилените деца-ѕвезди некогаш и сега

ФОТО: Омилените деца-ѕвезди некогаш и сега

Тие развлекуваа насмевки на нашите лица, измамуваа солзи и нè натераа да сочувствуваме со ликовите кои ги толкуваа во омилените филмови и ТВ серии.

Ја одбележаа нашата младост и ни помогнаа да создадеме ритуал кон седмата уметност, кој подразбира „закотвување“ пред телевизорот во точно определен временски термин покрај нашето семејство, запечатувајќи го остатокот од вечерта со пријатно расположение.

Што прават омилените деца-ѕвезди од минатото?

Меколи Калкин

Слаткото русокосо момче стана планетарно популарно и се вброи во најплатените детски актери во текот на 90-тите години. Филмовите „Home Alone“, „Richie Rich“ и „The Good Son“ му донесоа статус на супер ѕвезда и се чинеше дека поседува бесконечен талент, а дека неговиот билет за влез во филмскиот свет има неограничен рок на траење.

Меколи Калкин Меколи Калкин

За жал, не секоја бајка има среќен крај.

По завршувањето на „Richie Rich“ во 1994 година, Меколи се повлече од холивудската сцена и мируваше цели 9 години. Своето враќање го означи со главната улога во биографската драма „Party Monster“ во 2003 година, која не успеа целосно да му ги врати наклоноста од критичарите и симпатиите од страна на публиката.

Во неговата љубовна биографија се вбројува еден неуспешен брак со актерката Рејчел Мајнер и осумгодишна врска со Мила Кунис која заврши во јануари 2011 година.

Меколи Калкин

И покрај неколкуте филмски остварувања и ТВ проекти во последната деценија, се чини дека 33-годишниот Меколи не успеа да го допре ѕвездениот прав, како што го направи тоа во своето детство.

Минатата година откако се појавија фотографии од слабиот Калкин, бројни наслови во весниците и таблоидите ја посочуваа неговата тежина и нездравиот изглед и ги поврзуваа со здравствени проблеми и злоупотреба на недозволени супстанци. Неговиот претставник за јавноста негираше дека славниот актер има проблеми со здравјето.

Меколи КалкинКалкин фотографиран минатата година Меколи КалкинКалкин фотографиран годинава

Меколи продолжува да се дистанцира од светот на шоу-бизнисот.

Ана Кламски

Сите ја паметиме убавата Ана како девојката на Меколи Калкин во филмскиот хит од 1991 година, „My girl“.

Ана Кламски Ана Кламски

Девојката со заносни зелено-сиви очи оствари неколку интересни филмски улоги низ годините, а нејзините последни ангажмани ја поврзуваат со хит-сериите „30 Rock“, „Law & Order“, „Cupid“ и „Veep“.

Во меѓувреме, Ана се закити со универзитетска диплома од Универзитетот во Чикаго, се омажи и стана мајка во јули 2013 на малата слатка Пенелопи.

Ана Кламски

Оваа поранешна детска ѕвезда не дозволи да се разниша нејзиниот свет и покрај ѕвездениот статус во младешките години.

Ана Кламски

Таа изигра умно, а нејзиното повторно враќање на филмското платно го должиме на случајната средба во салон за маникир помеѓу Ана и пејачката Роберта Флек, која цврсто ја убедила да се врати под холивудското ѕвездено небо.

Мара Вилсон

Слатката Мара ја шармираше публиката како најмалата ќерка на Робин Вилијамс во филмскиот хит „Mrs. Doubtfire“ во 1993 година. Заработи вистинско мало богатство прокнижувајќи го преку семејните комедии „Miracle on 34th Street“ (во која го докажа постоењето на Дедо Мраз) и „Matilda“ (екранизација на истоимениот популарен роман за деца на британскиот писател Роалд Дал).

Мара Вилсон

Мара апстинира од холивудскиот сјај и гламур цели 12 години, а во меѓувреме дипломираше и работи како драмски писател.

Мара Вилсон

26-годишната поранешна детска ѕвезда се обрати преку својот блог и сподели со читателската публика интимна исповед, објаснувајќи зошто се оддалечи од глумата и славата. За Мара, глумењето во филм не е воопшто забавно и го етикетира како непривлечно, исполнето со помалку адреналин за разлика од магијата која се случува на штиците во театарот. Истовремено Вилсон појаснува дека нема намера да се врати во филмскиот свет, во кој аудициите се брутални и нечовечни, а статусот на ѕвезда – апсурден.

Џозеф Гордон-Левит

Успехот е запишан во ѕвездите на ова талентирано момче, чија глума ја слават критичарите. Џозеф за првпат се појави на ТВ екраните на 7-годишна возраст во филмот „Stranger on My Land“, а истата година доби и мала споредна улога во ТВ серијата „Family Ties“, покрај брилијантниот Мајкл Џ. Фокс.

Но, вистинскиот успех за ова креативно момче доаѓа во 1996 година, со една од главните улоги во хит-серијата „3rd Rock from The Sun“. Цели 6 години Џозеф предизвикуваше насмевки на нашите лица со серијата на која и денес се сеќаваме со носталгија.

Џозеф Гордон-Левит

По завршувањето на шоуто, грациозно гравитираше кон сериозни филмски улоги и проекти.

Во неговата актерска биографија се впишуваат одлични филмови, како романтичната инди-комедија „500 Days of Summer“ од 2009 година со прекрасната Зои Дешанел како филмска партнерка, остварување кое го лансираше во орбитата на најпопуларните млади холивудски ѕвезди.

Џозеф ја покажа својата сериозна страна и одличните актерски способности под режисерските насоки на Кристофер Нолан во акциониот трилер обвиткан со мистерија од 2010 година, „Inception“, во кој заигра покрај плејада ѕвездени холивудски имиња.

Џозеф Гордон-Левит

Оттогаш не престанува да ниже филмски хитови („50/50“, „Looper“, „Rush“, „Lincoln“), а Нолан го покани на повторна соработка во 2012 година за третиот дел од Бетмен трилогијата – „The Dark Knight Rises“.

Ова е поранешна детска ѕвезда која дефинитивно успеа да го надмине почетниот успех и се заканува со долго опстојување во филмската магија.

Елајџа Вуд

Елајџа е вистински пример за детска ѕвезда чиј успех продолжи да се протега и по завршувањето на „Forever Young“, романтична драма од 1992 година, во која глумеше покрај легендарниот Мел Гибсон и Џејми Ли Кертис.

Елајџа Вуд

Сите сочувствувавме со малото неодоливо момче со небесно сини очи, поради проблемите кои му ги задаваше Меколи Калкин во напнатата драма „The Good Son“ една година подоцна.

Елајџа неуморно ги бараше совршените родители во „North“, си поигра со слаткиот делфин „Flliper“ и го преживеа ударот од кометата која ѝ се закануваше на Планетата Земја во „Deep Impact“.

Елајџа Вуд

Неговата филмска биографија е импресивна, а шлагот на тортата е дефинитивно улогата во една од најуспешните трилогии на сите времиња, „Lord of The Rings“, работена според романот на Џ.Р.Р. Толкин, каде што Вуд го портретира хобитот Фродо.

Елајџа Вуд

Елајџа работи неуморно, заслужувајќи го секој заработен долар на својата сметка, а според многумина му претстои уште посјајна и поуспешна кариера.

Елајџа Вуд

Штотуку го заврши својот најнов филм покрај Саша Греј, насловен „Open Windows“, во кој уште еднаш го отсликува својот сериозен и сестран актерски талент.

Линдзи Лохан

Симпатичната црвенокоса со слатки пеги го имаше целиот свет на дланка на своја 11-годишна возраст со филмското деби во семејната комедија „The Parent Trap“ во 1998 година. Пет години подоцна следуваше римејкот „Freaky Friday“ со Џејми Ли Кертис.

Линдзи Лохан

Во среќната бајка од соништата, Линдзи бележеше успеси и изгледаше како ништо да не може да ѝ го попречи патот до успехот. Тинејџерскиот хит „Mean Girls“ од 2004 година стана вистински прирачник за преживување во средно училиште, со кој се поистоветија многумина, обожавајќи ја оваа млада и шармантна ѕвезда.

Линдзи Лохан

Во последните неколку години се чини дека патеката на Линдзи е полна со замки и препреки поставени токму од неа самата. Ретко кој не слушнал за нејзините проблеми со анорексијата, дрогата и алкохолот. Ѕвездата неколкупати беше на рехабилитација и во притвор, а овие вонфилмски „активности“ го засенија нејзиниот актерски талент.

Линдзи Лохан

На почетокот на 2012 година, Линдзи успеа да заврти нова страница, отпочнувајќи реинкарнирачко животно поглавје. Епизодно се појави во популарната ТВ серија „Glee“ и ја портретираше славната Елизабет Тејлор во ТВ драмата „Liz & Dick“, која не ѝ го донесе посакуваниот успех и некогашната слава.

Линдзи Лохан

Нејзиното пробивање назад кон сцената продолжува, додека лошата холивудска девојка се обидува да се држи подалеку од неволји.

Џонатан Липники

Неодоливо симпатичниот Џонатан го прослави својот шести роденден за време на снимањето на филмскиот хит од 1996 година „Jerry Maguire“ и мора да се признае дека навистина е големо достигнување да се дели филмскиот екран со Том Круз и Рене Зелвегер на таа возраст.

Џонатан Липники

Следуваше улога во детскиот хит „Stuart Little“ која ја репризираше двапати, а се појави и во семејната комедија „Like Mike“.

22-годишниот актер денес мами женски погледи, а неговото извајано тело се должи на честите посети на фитнес клубовите и неуморното кревање тегови, како и практикување на бразилската вештина џиу-џицу.

Џонатан Липники Џонатан Липники

И покрај детската слава која ја доживеа, Џонатан успеа да остане приземен и да се чува подалеку од неволји, земајќи учество во голем број добротворни активности со хуманитарен карактер.

Во 2012 година се врати на филмското платно со „Edge of Salvation“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.