Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Оливија Палермо е шармантна невеста за „Brides“

ФОТО: Оливија Палермо е шармантна невеста за „Brides“

Оливија Палермо наскоро ќе застане пред олтар и со Јоханес Хибл ќе се заколнат на вечна љубов. Поттикнати од претстојната свадба, уредниците на списанието „Brides“ ја поканија модерната Палермо да сними невестински едиторијал.

На фотографиите 28-годишната идна невеста носи волуменозна венчаница од Моник Лулие и тесен и проѕирен невестински фустан од Ели Сааб, додека за насловната таа е облечена во краток бел фустан од Маркеса.

Оливија Палермо Оливија Палермо Оливија Палермо

Во интервјуто за списанието, Палермо не открила кој ја креира нејзината венчаница, но зборувала за врската со Јоханес. „Ние сме одличен тим. Се разбираме и почитуваме еден со друг и си помагаме да станеме подобри луѓе. Помага тоа што и двајцата работиме во модната индустрија и можеме заедно да патуваме низ светот“ – рекла таа.

Јоханес ја побара Оливија за жена за време на новогодишно патување на егзотичниот Сент Бартс.

Оливија Палермо и Јоханес ХиблОливија Палермо и Јоханес Хибл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.