Луисана Лопилато се забавува додека ја подобрува својата фигура. 26-годишната актерка со широка насмевка на лицето тренираше во фитнес клуб во Буенос Аирес, Аргентина.
Очигледно Луисана е посветена на редовното вежбање, бидејќи изгледа одлично, и тоа само два месеци по породувањето.
Убавата актерка, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, беше фотографирана заедно со својот брат Дарио.
Младата мајка блескаше во кежуал издание, без шминка на лицето и додека го искористуваше своето право на глас во родната земја.
Неколку дена претходно Луисана и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле беа фотографирани додека безгрижно возеа велосипеди низ Ванкувер.
Среќниот пар објави и фотографии од трибините на хокеј натпревар.