Луисана Лопилато е посветена на семејниот живот. Убавата актерка, која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи од серијата „Млади бунтовници“, беше видена со малото синче на аеродром во Буенос Аирес.
На папараци фотографиите, 30-годишната Аргентинка, која е бремена со третото дете, го вози заспаниот Елијас во количка.
Луисана за првпат го покажа трудничкото стомаче пред неколку дена кога се појави на церемонија со сопругот Мајкл Бубле во Канада. Луисана и Мајкл имаат две синчиња, а сè уште не се знае полот на третото дете.
Неодамна славното семејство беше фотографирано во Дизниленд.