Денес е специјален ден за Луисана Лопилато. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ го прослави својот 35-ти роденден.
Убавата Аргентинка славеше во претратките на трите деца. Сопругата на Мајкл Бубле дувна свеќичка на торта на која беа поставени фигури од неа со Мајкл и трите деца, како и од бебенцето кое треба да им се роди за неколку месеци.
Луисана и Мајкл се запознаа во 2009 година кога заедно го снимаа спотот за „Haven't Met You Yet“.
Тие стапија во брак во 2011 година и се родители на 8-годишниот Ноа, 6-годишниот Елиас и 3-годишната Вида.