Нина Добрев однесе гламур и елеганција на доделувањето на европските музички награди на MTV. На црвениот тепих во Ротердам, 27-годишната актерка со бугарско-канадско потекло блесна во креација од Ели Сааб.
Фустанот во боја на лаванда доаѓа од колекцијата ресорт 2017 на либанскиот дизајнер. Својот стилски избор, ѕвездата од „The Vampire Diaries“ го надополни со чантичка од Jimmy Choo и сандали Soebedar.