Нина Добрев го краси септемвриското издание на „Cosmopolitan“. 24-годишната актерка со бугарско потекло изгледа секси на насловната страница во црно-бел фустан на Диор.
На фотографиите за списанието ѕвездата од серијата „The Vampire Diaries“ позира и во креации на Диор, Луј Витон и Валентино.
Во интервјуто таа зборувала за особините кои ѝ се најважни кај еден маж. „Или имаш хемија со некого или немаш, но најмногу ме привлекува умот на мажот и неговиот хумор и талент. Морам да ги знам сите тие нешта пред да се заљубам во некого. Јас не сум девојка за една ноќ. Јас сум девојка за врска“ – изјавила таа.
Нина неодамна раскина со својот колега Ијан Сомерхолдер. „Луѓето не се дефинирани од нивните врски. Поентата е да останеш доследен на себе и да не се изгубиш себеси во врските, независно дали се романтични или пријателски“ – рекла таа.
Во моментов Нина е преокупирана со нов проект – отворање на свое јога студио. „Сакам да отворам свое јога студио. Планирањето на градењето и барањето на имот е забавно. Користам различни области од мозокот. Го знаете она чувство кога користите различен мускул? Возбудени сте да го вежбате, но малку ве боли! Јогата ми го промена животот. Се надевам дека ќе биде исто и за други луѓе“ – објаснила таа.