Откако ја напушти популарната серија „Vampire Diaries“, Нина Добрев се пресели од Атланта во Вест Холивуд.
26-годишната актерка со бугарско потекло ја реновираше новата куќа за да ја прилагоди на својот стил на живеење.
„Гравитирам кон отворени, пространи домови. Светло и ведро е мојата омилена естетика. Задржувањето на оригиналниот карактер и историјата на просторот беше важно. Куќата има душа и патување. Јас сум само мал чекор и патник на патот на овој дом. Има добра енергија“ – изјавила таа.
Куќата со модерен ентериер е изградена во 1929 година, во шпански стил.