Никол Шерцингер е во Париз заедно со своето момче Григор Димитров. Убавата пејачка го бодреше својот сакан од трибините за време на мечот против Виктор Троицки на Франција Опен, побивајќи ги гласините дека се разделиле.
37-годишната поранешна членка на групата The Pussycat Dolls внимателно го следеше натпреварот облечена во бела маица од брендот Bardot, фармерки и црна кожена јакна. Својот изглед Шерцингер го надополни со впечатлива шминка.
Подоцна, Никол и 25-годишниот бугарски тенисер беа фотографирани на романтична прошетка низ Градот на светлината.
Познатата пејачка сподели и неколку фотографии од престојот во Франција на Instagram.
Парот ја започна својата врска во јули минатата година откако Димитров раскина со Марија Шарапова. Шерцингер беше во врска со познатиот возач на Формула 1 Луис Хамилтон.