Никол Шерцингер и Григор Димитров ја завршија италијанската авантура со лежерен ден на плажа на Капри.
39-годишната пејачка и 26-годишниот бугарски тенисер беа фотографирани додека си разменуваа бакнежи и се сончаа на идиличната дестинација.
По враќањето во Лондон, Никол се појави на снимањето на „The X Factor“. Атрактивната ѕвезда позираше самоуверено во сина креација од Емилио де ла Морена.