Кога не ги исполнуваат своите професионални обврски, Никол Шерцингер и Бугаринот Григор Димитров поминуваат квалитетно време заедно.
Славниот пар вчера беше фотографиран на прошетка во Беверли Хилс. 38-годишната пејачка во кожно мини здолниште и искината фармерска јакна чекореше за рака со згодниот 25-годишен тенисер роден во Хасково.
Никол и Григор првпат беа фотографирани како се бакнуваат во јануари минатата година откако претходно подолго време се шпекулираше дека тие се заедно.