Никол Шерцингер и Григор Димитров ја користат секоја минута до максимум додека се заедно. Славниот пар беше „уловен“ од папараците на одмор во Портофино.
38-годишната пејачка и 25-годишниот тенисер од Бугарија беа фотографирани додека си разменуваа нежности за време на прошетка низ популарната италијанска туристичка дестинација.
Неодамна Никол ја коментираше новата врска. На прашањето дали постои љубов меѓу неа и сегашното момче, таа одговори: „Да, се надевам. Јас сум личност која знае да сака. Заедно сме подолго време, па јас едноставно живеам во моментот и сум среќна“ – изјави Никол за „Fabulous“.