Започна големата модна парада на француската ривиера. Холивудските дами зачекорија на црвениот тепих на отворањето на Канскиот филмски фестивал.
Наоми Вотс блесна на премиерата на француската драма „La Tête haute“. 46-годишната актерка носеше раскошна сива креација од колекцијата висока мода пролет 2015 на Ели Сааб.
















Стилистката на Вотс сподели и фотографија на која славната актерка се забавува со своите две деца пред почетокот на свеченоста.
