Дауцен Крус го разубави отворањето на Канскиот филмски фестивал. Привлечната Холанѓанка се појави на црвениот тепих во асиметричен фустан од Версаче.
Белата креација од колекцијата висока мода пролет 2015 на италијанската модна куќа ја претвори 30-годишната манекенка во модерна божица.






Крус, која на престижниот фестивал го претставува брендот L'Oréal, беше во придружба на својот сопруг Санери Џејмс, а позираше и со моделот Лија Кебеде.








