Дами од светот на филмот, музиката и модата присуствуваа на хуманитарна гала вечер на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата). Настанот секоја година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал.
Ирина Шајк, која годинава се вбројува меѓу организаторите на свеченоста, блесна во смарагдно-зелен фустан од Версаче. Проѕирната креација Шајк ја искомбинира со накит од Хари Винстон.







Шајк веќе неколку дена престојува на француската ривиера и е гостинка на гламурозните настани.


