Кијара Ферањи го привлекува погледот на модните ентузијастки од страниците на новото издание на „Cosmopolitan“.
Популарната блогерка позираше во креации од актуелни колекции на модни куќи како Шанел, Валентино, Мајкл Корс и Фенди.
Ферањи е една од највлијателните блогерки во светот, која изгради своја мала империја. Покрај од блогот, таа заработува и од нејзината колекција обувки. На прашањето која бизнис лекција би ја споделила со своите фанови, таа одговара: „Не избрзувајте. Бидете трпеливи. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи. Кога и да се обидев нешто да исфорсирам, не се одвиваше како што треба.“