Кијара Ферањи го донесе на овој свет своето второ дете. Италијанската блогерка ја роди ќеркичката Виторија.
Убавата модна зависничка ја сподели првата фотографија со новороденото бебенце. „23 март 2021. Нашата Виторија“ – напиша среќната мајка во описот.
Кијара стапи во брак со 31-годишниот пејач Федез во 2018 година. Тие имаат уште едно дете, 3-годишното синче Лео.
Парот се венча на церемонија на Сицилија.