Ѕвездите од „The Hunger Games: Mockingjay – Part 1“ се покажаа во најдобро светло на премиерата во Лондон.
Елизабет Бенкс изгледаше како модерна божица во цветна креација од високата мода на Ели Сааб. Восхитените погледи непрекинато застануваа на раскошниот фустан кој се вееше на свечената премиера.
Џенифер Лоренс, како лојално заштитно лице на Диор, избра бел фустан од оваа француска модна куќа. Белиот асиметричен фустан со црни цвеќиња 24-годишната актерка го надополни со дијамантски обетки од Norman Silverman Diamonds. Единствено промашување во стилот на Лоренс беа нејзините обувки.
Џулиен Мур шармираше на црвениот тепих во црн фустан од Balenciaga. Елегантни минималистички обувки и едноставна фризура го надополнија свечениот стајлинг на 53-годишната филмска ѕвезда.
Натали Дормер носеше необичен фустан од високата мода на Британецот Николас Оуквел.
Џена Малоун самоуверено позираше во креација од Емилија Викстед со смел преден шлиц и обувки од Шарлот Олимпија.
Лорд, чија песна „Yellow Flicker Beat“ е дел од саундракот на филмот, избра одело од Schiaparelli.
Се разбира, на огромна радост на обожавателките, на премиерата присуствуваа и актерите од филмскиот хит – Лиам Хемсворт, Џош Хачерсон и Сем Клафлин.