Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мишел Фајфер остава без здив и на 55 години

ФОТО: Мишел Фајфер остава без здив и на 55 години

Мишел Фајфер несомнено е една од најубавите талентирани холивудски актерки и секогаш успевала да ги остави без здив филмските обожаватели.

55-годишната ѕвезда изгледаше отмено и елегантно на премиерата на својот нов филм „The Family“ во Берлин. Шармантната дама за „прошетката“ на црвениот тепих избра црни панталони со висок струк, бела кошула и црно сако со златен дезен од модната куќа Александар MекКвин.

Мишел Фајфер Мишел Фајфер

На премиерата на „The Family“, нарекуван уште и „Malavita“, Фајфер се појави со своите колеги Роберт Де Ниро и Дијана Агрон.

Мишел Фајфер и Роберт Де НироМишел Фајфер и Роберт Де Ниро Мишел Фајфер, Роберт Де Ниро и Дијана АгронМишел Фајфер, Роберт Де Ниро и Дијана Агрон

Неодамна Фајфер сподели дека со текот на годините го променила драстично начинот на живот. Кога била во 20-тите години од животот пушела по две кутии цигари дневно. „Живеев на Marlboro Lights и Coca-Cola“ – признала таа. Но, сега Мишел се има фокусирано на здрав живот кој вклучува веганска исхрана и вежбање пет дена неделно.

Мишел Фајфер, Роберт Де Ниро и Дијана Агрон

Филмската ѕвезда открила и дека веќе не чувствува притисок да изгледа млада и дека се труди да изгледа најдобро што може за нејзината возраст. „Едноставно не е природно да се гледаш себеси како старееш на огромен екран. Тоа може да ти ја разруши психата. Мојот дерматолог еднаш ми рече: Го знаеш она огледало кое зголемува до 10 пати и кое го имаш во бањата? Фрли го. Тоа беше најдобриот совет кој го имам добиено. Се разбира, сега очите ми се послаби и не можам да се шминкам без тоа огледало! Но, откако еднаш ќе преминеш преку одреден критичен момент, притисокот е помал“ – изјавила таа.

Мишел Фајфер

Трејлер за „The Family“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20925 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.