По повод 35-годишнината од „Scarface“, ѕвездите од филмот се обединија на специјална прослава во рамките на филмскиот фестивал во Трајбека.
Мишел Фајфер и Ал Пачино заедно зачекорија во театарот „Beacon“ во Њујорк. Тие беа придружувани од нивниот колега Стивен Бауер и од режисерот Брајан Де Палма.
59-годишната актерка во „Scarface“ ја имаше главната женска улога на Елвира, која му станува девојка и сопруга на гангстерот Тони Монтана (Ал Пачино). За време на снимањето во 1983 година, Фајфер имаше 25 години, а Пачино 43.