Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина внукот на Роберт Де Ниро на 19-годишна возраст, мајката се збогуваше со емотивна порака

Почина внукот на Роберт Де Ниро на 19-годишна возраст, мајката се збогуваше со емотивна порака

Кратко време по раѓањето на седмото дете на Роберт Де Ниро, трагедија го погоди неговото семејство. Внукот на славниот актер почина на 19-годишна возраст.

Де Ниро

Тажната вест ја објави мајката на момчето, актерката Дрена Де Ниро. Таа сподели фотографија од својот прерано починат син Леонардо и во описот напиша:

„Мој прекрасен и сладок ангелу. Уште од моментот кога те почувствував во моето стомаче, те засакав толку многу што не може да се опише со зборови. Ти беше мојата радост, моето срце и сè што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев сега со тебе. Посакувам да бев со тебе. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ги ширам љубовта и светлината кои ми овозможи да ги почувавствувам со тоа што ти бев мајка. Почивај во мир и вечен рај мое драго момче“.

Де Ниро

Причината за смртта на момчето сè уште не е откриена.

Де Ниро Де Ниро

Дрена е поќерка на Де Ниро од бракот со Даен Абот. Роберт го доби неговото седмо дете пред околу два месеци.

Де Ниро Де Ниро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.