Миранда Кер се претвори во русокоса заводничка за списанието „V“. Инспирација за фотосесијата на 30-годишната манекенка е Илона Шталер, познатата како Чичолина.
Чичолина е порно ѕвезда со унгарско потекло која пет години имаше свое место во италијанскиот парламент, а беше основач и на политичкото движење „Партија на љубовта“. На една од фотографиите Кер намерно ја открива едната града, што не е случајност. Имено, Чичолина беше позната по тоа што држеше политички говори со разголена града.
Фотографиите со сексапилната Кер се дело на Себастијан Фаена, а во едиторијалот можат да се видат креации на Версаче, Сен Лоран, Луј Витон, Емилио Пучи, Рим Акра и Живанши, како и долна облека од Agent Provocateur.