Руперт Мердок се ожени по петти пат. Медиумскиот магнат стапи во брак со Елена Жукова.
93-годишниот милијардер и неговата 69-годишна избраничка запливаа во брачните води на церемонија која се одржа во винаријата на неговиот имот во Бел Ер, Калифорнија.
Тие позираа за свадбени фотографии во природа.
Руперт и Елена се верија во март оваа година по 9-месечна врска.
Ова е петти брак за Мердок. Неговиот прв брак беше склучен во 1956 година со Партисија Букер. Тие заедно имаат едно дете и се разведоа во 1967 година.
Истата таа година, Руперт се ожени со Ана Торв со која има три деца. Нивниот брак траеше до 1988 година.
Само 17 дена по разводот од Ана, Мердок се ожени со Венди Денг, која му роди уште две деца. Нивната постапка за развод започна во 2013 година.
Во 2016 година, на 85-годишна возраст Руперт стапи во брак со Џери Хол. Овој брак траеше до 2022 година.
Минатата година, тој се вери со Ен Лесли Смит, но по кратко време ја раскина веридбата.
Елена претходно беше омажена за рускиот бизнисмен Александар Жуков. Нивната ќерка Даша 10 години беше во брак со рускиот олигарх Роман Абрамовиќ.