Мила Кунис сними фотосесија за новото издание на „The Telegraph“. Холивудската ѕвезда позираше пред објективот на фотографот Бу Џорџ.
Фокусот на фотографиите е поставен на блескавиот накит кој Кунис го носи на себе, а доаѓа од колекциите на Gemfields, Fabergé и Miiori.



Кунис веќе неколку години е заштитно лице на Gemfields. 31-годишната сопруга на Ештон Кучер сними краток филм за компанијата за етичко ископување на скапоцени камења, во кој е претставен накит со новите рубини од Мозамбик.
Видеото од кампањата „Beauty By Nature“ е режирано од Џеф Бартон.