Меган Фокс привлекува погледи кон страниците на „Harper's Bazaar“ Арабија.
На фотографиите од априлското издание, 28-годишната актерка изгледа прекрасно во елегантни креации од познати модни брендови како Оскар де ла Рента и Долче и Габана. За едиторијалот „Free Spirit“ бил ангажиран фотографот Џон Русо.


Во интервјуто за списанието, Фокс зборувала за тоа како ја перципира јавноста неа: „Би рекла дека голем дел од луѓето си претпоставуваат дека не сум многу паметна или образована или искрена, бидејќи имаат слика дека сум нарцисоидна, дека копнеам за внимание и дека копнеам луѓето да ме сакаат. Тоа ми е смешно, бидејќи имам направено многу интервјуа и кога ќе ја прочитате статијата од почеток до крај, можете да видете дека јас не сум само типичен модел за музичко видео.“



