Мараја Кери постојано го надополнува албумот со фотографии од нејзините близначиња, поставен на сајтот специјално направен за нејзините две деца.
На една од новите фотографии славната пејачка се релаксира во базен покрај малите Монро и Морокан.
На другите фотографии едногодишните близначиња си играат или ја придружуваат својата мајка на бројните патувања. Моментално Мараја и малите Рок и Ро се во Италија, додека нејзиниот сопруг поради професионални обврски е во САД.
Мараја пред неколку дена одржа концерт во Монако, каде се појави во долга бела тоалета со златен колан.