Мараја Кери заедно со своето семејство претпразнично отпатува во Аспен, Колорадо и со своите фанови сподели фотографии од престојот во снежниот град.
На една од фотографиите таа позира по бикини заедно со мало куче, додека околу неа има снег.
Секој би помислил дека Кери полудела што позира разголена на студено време, но бикините ги објаснува фактот што музичката дива уживаше и во топлите извори во Аспен заедно со своите близначиња Монро и Морокан.
Кери очигледно се гордее со својата линија, па објави и фотографија на која позира во бикини и свилена наметка пред голема новогодишна елка.
Неколку дена претходно Мараја беше фотографирана додека пазаруваше низ Аспен со слатките близначиња.
Празничното патување во Колорадо на одреден начин е традиција во семејството на Мараја. И минатата година таа заедно со сопругот и малите дечиња го прослави Божиќ токму таму.