Мараја Кери најпосле доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата во Холивуд, 45-годишната пејачка беше почестена со 2.556-ата ѕвезда.
Музичката дива носеше црн блескав фустан од модната куќа Yousef Al-Jasmi и обувки од Jimmy Choo.




Мали ѕвезди на свеченоста беа близначињата на Мараја, Монро и Морокан. Додека Кери гордо позираше до својата ѕвезда, 4-годишниот Морокан не сакаше да ја напушти и ја гукаше пред фоторепортерите и публиката.














Мараја е една од најуспешните ѕвезди на светската музичка сцена со продадени над 200 милиони албуми. Во нејзини раце имаат завршено 5 Греми награди.