Пред два дена Мараја Кери го прослави својот 43. роденден, но нејзиниот изглед не покажува дека минува низ петтата деценија од животот. На денот на својот роденден, славната пејачка објави фотографија на Twitter на која го покажува природниот изглед на лицето и веднаш предизвика бројни реакции од нејзините фанови кои не губеа време пред да посочат дека Мараја изгледа како да е во 20-тите години од животот.
На фотографијата Мараја позира речиси без шминка заедно со мало плишено јагне, преку кое ги поздравува обожавателите кои ги нарекува свои јагниња.
Гласовитата пејачка во моментов е ангажирана на снимањето на музичкото шоу „American Idol“.