Дејвид и Викторија Бекам знаат како да уживаат. 41-годишниот спортист и 42-годишната дизајнерка за празниците ги почестија своите деца со егзотичен одмор во рајски ресорт на Малдиви.
Новата година славното семејство ја дочека во ултра-луксузна вила која е дел од ресортот One&Only Reethi Rah, а вклучува три спални соби, огромна приватна плажа и базен.
















За време на нивниот престој на Малдиви, Дејвид на Instagram сподели фотографија од целото семејство, додека Викторија објави фотографија од слатката ќерка Харпер.