Томи Хилфигер е во потрага по нов сопственик на луксузниот апартман кој го поседува во Њујорк. Славниот дизајнер купи огромен простор на најгорните катови на хотелот „The Plaza“ и создаде екстравагантен дом кој можат да си го дозволат само оние со најдлабок џеб.
За апартманот од 560m2, кој вклучува пет спални соби и пет бањи, Хилфигер бара „скромни“ 80 милиони долари.
Хилфигер и неговата сопруга го купиле просторот во 2008 година за 25 милиони долари, но потоа издвоиле 20 милиони долари за реновирање.