Луисана Лопилато и Мајкл Бубле на малиот син Ноа му го подарија првото патување во Дизниленд.
26-годишната Аргентинка објави фотографија од посетата на „најсреќното место на светот“, на која семејството позира со Мики Маус.
На една од фотографиите 38-годишниот пејач ја турка бебешката количка во која седи Лопилато. Заедно со младото семејство биле и родителите на Бубле.
Неодамна Лопилато и Ноа беа фотографирани во Барселона, каде Мајкл одржа голем концерт.
Патувањето во Дизниленд е за време на кратката пауза која познатиот пејач ја прави помеѓу концерти во различни европски градови. Тој наскоро ќе ја продолжи турнејата во Финска.