Лејди Гага се збогува со русата коса. Ексцентричната поп-ѕвезда го покажа својот нов изглед во Амстердам, Холандија.
„Дефинитивно се чувствувам помалку русокоса во последно време и малку повеќе прогресивна бринета. Јас сум Луј Витон кафеава“ – напиша таа на Twitter пред да ја покаже новата боја на косата која би требало да потсетува на кафеавата боја препознатлива за Луј Витон.
Погледнете ја Гага како бринета и во следното видео:
Покрај новата фризура, Лејди Гага деновиве објави и ново видео за песната „You And I“. Тоа е петтото по ред од серијата фешн спотови кои таа најави дека ќе ги објави за промовирање на нејзиниот хит.
Во најновото видео се појавува и момчето на Гага, Тејлор Кини, со кого таа е во врска околу една година. Спотот завршува со „венчавката“ на Гага и холивудскиот актер.