Лејди Гага обожава да го менува имиџот. На последните фотографии кои ги објави на Twitter, славната пејачка има руси суканици.
26-годишната пејачка, која деновиве е на турнеја низ Аргентина и Чиле, со фризурата ги изненади своите фанови и доби и критики и комплименти.
Пред неколку дена Гага објави две кратки видеа со кои го најавува спотот за песната „Cake“, режиран од Тери Ричардсон. Во видеата таа танцува провокативно по долна облека. „Cake“ е дел од новиот албум на Лејди Гага, „Artpop“, кој се очекува да биде објавен наредната година.